Објавено 15 февруари 2012, 12:08, во Европа
Share |
Print page

ЕУ подготвува санкции против Шпанија поради дефицитот

Европската унија веројатно до мај ќе преземе мерки против новата Влада на Шпанија поради доцнење во спроведувањето на строги мерки на штедење пред регионалните избори идниот месец.Иако конечната одлука за тоа се уште не е донесена, Европската комисија смета дека новата шпанска Влада го преценила показателот на дефицитот во 2011, за да цифарата за оваа година изгледа помала.

Шпанија, освен тоа, недоволно брзо го решава проблемот на влошување на јавни финансии кои се очекуваат во 2012 година, загрозувајќи го со тоа економскиот раст во долгорочна перспектива, укажаа сите тројца високи претставници на ЕУ.

На прашањето дали еврокомесарот на ЕУ за економски и монетарни прашања Оли Рен ќе преземе мерки и ќе предложи 27 министри за финансии да воведат санкции против Мадрид, еден од претставниците одговори оти „тоа е многу веројатно“.Тоа не е она што го сакаме, но ако постои нарушување, а тоа е речиси неизбежно, тогаш ќе мораме тоа да го сториме, рече тој претставник, кој побара анонимност.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија