Објавено 15 февруари 2012, 08:49, во Европа
Share |
Print page

Франција повикува воведување на данок на „Гугл“

Француската федерација на телекомуникациски оператори (ФТТ) повика денеска на воведување данок на странските компании, како што е „Гугл“, кои имаат корист од француската инфраструктура.

Федерацијата на телекомуникациски оператори истакна дека нејзините членови се „претерано оданочувани“ и побара „фискална правда“, се наведува во соопштението кое е објавено за време на конференцијата за дигитално оданочување.

Останатите дигитални учесници, особено глобалните веб учесници кои имаат корист од квалитетот на француската инфраструктура, во голема мера ги избегнуваат своите фискални обврски благодарение на даночните засолништа, особено во Ирска и во Луксембург, се наведува во соопштението.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија