Објавено 14 февруари 2012, 14:07, во Европа
Share |
Print page

Европарламентот ќе расправа за емитување еврообврзници

На дневен ред на Европскиот парламент денеска е дебатата за предлогот на еврокомесарот за економски прашања и монетрана политика Оли Рен за еврообврзниците. Комесарот Рен ќе треба да даде отчет за оправданоста на еврообврзниците, а европските пратенци, како што е најавено имаат намера од него да побараат конкретни предлози без понатамошно одлагање.

Тие очекуваат, од страна на Рен да биде потврдено дека Еврообврзниците се најдобариот начин за создавање на економска стабилност на среден рок, но и да се понудат и други инструменти кои ќе ги задоволат краткорочните потреби. По денешната дебата, утре во Европскиот парламент е предвидено гласање на резолуција на овој предлог поднесен од Рен.

Инаку денеска пратениците ќе дебатираат и за повторното активирање на програмата „храна за сиромашните“ на која се надеваат 18 милиони граѓани од најсиромашните слоеви во ЕУ. Доколку парламентот во целост ја усвои, истата е планирана да трае до крајот на 2013 година, со годишен буџет од 500 милиони евра.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија