Мудис го намали кредитниот рејтинг на шест земји од ЕУ
Меѓународната рејтинг агенција „Мудис“ ги намали кредитните рејтинзи на шест земји од ЕУ: Италија, Шпанија, Португалија, Словенија, Словачка и Малта. Истовремено, со тоа „Мудис“ ги промени на негативни прогнозите за Франција, Велика Британија и Австрија.
За два степена е намален кредитниот рејтинг на Шпанија (од А1 на А3), за еден степен на Италија (од А2 на А3), на Португалија од Ва2 на Ва3, на Словачка од А1 на А2, на Словенија од А1 на А2 и на Малта од А2 на А3.
Агенцијата ги зачува високите кредитни рејтинзи - ААА за Франција и Велика Британија, но најави негативни прогнозите за нив. Без промена остана високиот кредитен рејтинг на Германија.
Според аналитичарите на „Мудис“, намалувањето на рејтинзите и на прогнозите ја одразува попустливоста на овие девет земји кон зголемените финансиски и макроекономски ризици, кои произлегуваат од кризата во еврозоната.