Француската влада му се налути на Рено
Францускиот автомобилски гигант „Рено“ во кој Владата држи 15 % акции, поттикна бран на критики во земјата со отварањето на новата фабрика во Мароко, во која ќе се произведуваат евтини автомобили, имајќи ја предвид состојбата на автоиндустријата во Франција, каде домашните производители се соочуваат со загуби и пад на конкурентноста на светскиот пазар.
Со почетен капацитет од 170.000 возила, а кој подоцна може да достигне евентуално 400.000 возила годишно, фабриката во Тангер ќе му помогне на „Рено“ да држи чекор со побарувачката за евтини автомобили од стоковата марка „Дачиа“ и да овозможи воведување на нови модели, како што е миниванот „лоџи“.