Објавено 06 февруари 2012, 16:21, во Европа
Share |
Print page

Стандард енд Пурс најави намалување на кредитниот рејтинг на Фиат

Рејтинг агенцијата Стандард енд Пурс денеска се закани дека ќе ја намали кредитната способност на италијанската компанија Фиат, поради намалената продажба во Европа и Бразил, како и поради големата зависност на компанијата на американскиот партнер Крајслер.

Акциите на италијанскиот автомобилски гигант нагло се намалија по соопштението на рејтинг агенцијата за 3,26 %, на 4,51 евро, додека индексот ФТСЕ на берзата во Милано се намали за 0,94 %. Фиат е една од најзначајните компании во вкупната италијанска индустрија. Стандард енд Пурс смета дека намалувањето на побарувачката на европскиот пазар на автомобили, особено во Италија, најверојатно ќе влијае на падот на профитот и приливот на свеж капитал во Фиат.

Истовремено, најголемиот пазар на Фиат, Бразил е центар на се поголема конкуренција што го поткопува водечкиот удел на компанијата на пазарот, се наведува во соопштението. Агенцијата верува дека поради таквата економска состојба ќе се влошат и работните перформанси на Фиат во 2012-та година. Стандард енд Пурс долгорочниот рејтинг на Фиат го одреди на „ББ“, исто како и рејтингот на необезбедените хартии од вредност со негативни перспективи.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија