ММФ: Рецесијата во Европа може да го намали кинескиот раст
Забавувањето на економскиот раст во Европа би можело да го преполови растот на кинеското стопанство, што би резултирало со севкупно драстично забавување на глобалната економија во текот на 2012 година, предупреди денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Фондот смета дека Пекинг би морал да размисли за покренување на стимулативна програма вредна неколку милијарди долари, со цел да ја заштити домашната економија од влијанијата на забавениот раст на странските економии, пред се, во земјите од еврозоната која е погодена од сериозна должничка криза.
ММФ предвидува дека Кина оваа година би можела да оствари економски раст од 8,2 %, но предупреди дека тој би можел да биде помал за дури четири процентни поени, доколку кризата во еврозоната доведе до големо намалување на кредитирањето и пад на бруто домашните производи.