Објавено 06 февруари 2012, 12:28, во Европа
Share |
Print page

Активноста во приватниот сектор на ЕУ се подобрува

Активноста во приватниот сектор во еврозоната зајакна во јануари по четиримесечниот пад, а најзначаен напредок е остварен во најголемите европски економии Германија и Франција, покажаа резултатите од најновото истражување. Индексот на менаџерите за набавка во индустрискиот и услужниот сектор, што го пресметува истражувачката фирма „Маркит“, порасна на 50,4 од декемвриските 48,3 индексни поени.

Од друга страна, Малопродажбата во 17-те земји на еврозоната неочекувано се намали лани во декември, со тенденција за понатамошен пад, соопшти Европската статистичка агенција - Евростат. Малопродажбата во декември 2011 во еврозоната падна за 0,4 % во однос на претходниот месец, во кој исто така е забележан пад од 0,4 % во однос на октомври.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија