ЕУ се подготвува за енергетска криза
Европската унија се подготвува за можна нова енергетска криза среде оваа зима, бидејќи е намалено снабдувањето на осум членки на ЕУ со гас од Русија - Австрија, Бугарија, Грција, Унгарија, Италија, Полска, Романија и Словачка, соопшти Европската комисија.
Во соопштението се наведува дека снабдувањето на Австрија е намалено за 30 %, а на Италија за 24 %. Според Комисијата, состојбата сепак се уште не е алармантна, бидејќи е подобрена координацијата меѓу земјите кои меѓусебно се помагаат и се модернизирани постројките за складирање на гас.