ОЕЦД: На Европа и е потребен фонд за спас од 1,3 илјади милијарди евра
Европа има потреба од фонд за спас во висина од 1,3 илјади милијарди евра за да го запре ширењето на должничката криза, се наведува во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Во извештајот се наведуваат чекорите кои Европа треба да ги преземе за да избегне распаѓање на еврозоната.
Меѓу чекорите наведени се - банките да имаат доволно пари за да го избегнат потресот; да се принудат приватните кредитори на Грција да се согласат на најмалку 50 % загуби за државните обврзници; да се зголеми сумата на фондот за спас, кој на почеток ќе располага со 500 милијарди евра.Во документот детално се опишани и начините за зголемување на средствата на фондот, кога приватните инвеститори најверојатно нема да ги зголемат влоговите.