Објавено 02 февруари 2012, 12:27, во Европа
Share |
Print page

Еврото ќе преживее ако еврозоната стане федерација

Заедничката европска валута ќе преживее само ако еврозоната стане де факто феферација, пишува во статија за денешното издание на чешкиот весник „Лидове новини“, чешкиот премиер Петр Нечас. Нечас додава дека останува прашањето дали Чешка и во овие нови услови навистина би сакала да го прими еврото и кога.

Во моментов еврозоната нема избор: или ќе се распадне, што сигурно никој не и го посакува или ќе се движи кон создавање федерална економска единица, пишува претседателот на чешката Влада во текстот посветен на Договорот на земјите-членки на ЕУ за поголема фискална дисциплина и контрола на националните буџети. Овој Договор, го потпишаа 25 земји-членки на Унијата, со исклучок на Чешка и Велика Британија, кои единствени не се приклучија кон Спогодбата

За Нечас и во случај Чешка да го прифати Договорот, сепак проблемите нема да се решат. Тој смета дека државите се откажуваат од слободно гласање во ЕУ, во врска со Буџетот и со тоа се откажуваат од еден дел од суверенитетот.Се обврзуваат заеднички да го координираат своето понатамошно задолжување, пишува Нечас, критикувајќи го и оддржувањето на европските самити, каде според него не се остава место за размислување и анализи и се бараат итни одлуки.

За Договорот ќе се дискутира и понатаму. Нечас додава дека идниот месец постои можност за свикување вонредна средба на Европскиот совет, а кон фискалната Спогодба може да се приклучи било која земја на ЕУ без дополнителни услови.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија