„Арселор Митал“ укинува повеќе од илјада работни места во Полска
Најголемиот светски производител на челик „Арселор Митал“ ќе отпушти повеќе од илјада работници во Полска до крајот на 2012 година, во рамките на планот за намалување на бројот на вработени ширум Европа.
„Арселор Митал Полска“ планира да го намали бројот на вработените во седум фабрики на 11.300 до декември 2012 година од 12.300 колку што имаше на крајот од минатата година. Полскиот огранок на компанијата ќе отпушти околу 300 така наречени привремено вработени или раборници кои во текот на годината се ангажурани од надворешни компании, изјави портпаролот на компанијата Силвија Виниарек.
Синдикалните претставници на „Арселор Митал Полска“ укажаа дека годинава речиси 1.500 работни места може да бидат укинати.„Арселор Митал Полска“ минатиот месец укина 630 од 6.000 работни места во фабриката во чешкиот град Острава.
Во Шпанија, каде „Арселор Митал“ вработува 11.000 луѓе минатиот месеци избија протести поради затворањето на челичарницата во Мадрид, каде беа вработени повеќе од 300 работници.Компанијата најави затворање на погоните во Белгија и во Луксембург. „Арселор Митал“ е сопственик на дел од поранешна „Железара“ во Скопје.