ЕЦБ: Банките во еврозоната ќе ги заострат условите за кредитирање
Четвртина од банките во еврозоната наредните месеци ќе ги заострат условите за кредитирање откако веќе значајно ги заострија кон крајот на 2011 година, соопшти денеска Европската централна банка (ЕЦБ).
Во својот најнов извештај за кредитирање, кој опфати анкета на примерок од 124 банки од подрачјето на еврозоната, ЕЦБ наведе дека 25 % анкетирани институции соопштиле дека планират да ги заострат критериумите кои компаниите ќе мора да ги исполнат за да добијат кредити во текот на првиот квартал во 2012 година.
Покрај тоа, 24 % од банките планираат во истиот период да ги заострат условите за одобрување кредити на физички лица за купување на станбени недвижности. Анкетата е спроведена меѓу 19 декември и 9 јануари и најверојатно не е земена предвид инјекција на капиталот од речиси 500 милијарди евра која кон крајот на 2011 година ЕЦБ ја вбризга во банкарскиот систем.
Банките во еврозоната во последното тримесечие во 2011 година веќе значајно ги заострија условите за кредитирање. Околу 35 % од банките тоа го направија во периодот меѓу октовмри и декември 2011, кон 16 % од претходните три месеци, се наведува во извештајот на ЕЦБ.