Повеќе пари од Норвешка за помош на ЕУ
Норвешката Влада сака да даде поголем заем на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) освен веќе ветените 55 милијарди норвешки круни.Целта со заемот е да се помогне во изнаоѓање на решение за кризата во ЕУ и да се стимулира европската економија.
Претпоставка за одобрување на зголемениот норвешки заем, според норвешкиот премиер Јенс Столтенберг е ЕУ да го спроведе новиот фискален пакт, пишува норвешкиот дневен весник „Дагенс нарингслив“