Објавено 01 февруари 2012, 08:48, во Европа
Share |
Print page

ЕУ покренува истрага за „Самсунг“

Јужнокорејската компанија „Самсунг“ претрпи пораз во борба против својот ривал, американската „Епл“, кога Европската унија објави дека ќе истражи дали „Самсунг“ на нелегален начин се обидува да ги опстриура конкурентите, додека Германија ја блокира продажбата на некои нивни таблет апарати.

Компаниите „Самсунг“ и „Епл“ водат стратешка војна за патентите во многу земји ширум светот откако се обидуваат да го преземат пазарниот удел една на друга.Антимонополската комисија на ЕУ оцени дека јужнокорејската компанија можеби ги прекршила ограничувањата и порадии тоа покрена официјална истрага за тоа дали „Самсунг“ стратешки ги користи клучните патенти на 3Г бежичната технологија за да ги опструира конкурентите, вклучително и „Епл“.

Во Германија Апелацискиот суд во одвоен случај донесе пресуда во корист на „Епл“, одлучувајќи дека „Самсунг“ не може да го продава својот „Галакси таб 10,1“ ниту „Галакси таб 9,8“ во таа земја бидејќи премногу е сличен на „Ајпед2“.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија