Објавено 31 јануари 2012, 16:12, во Европа
Share |
Print page

Ново рекордно ниво на стапката на невработеност во еврозоната

Стапката на невработеност во 17-те земји-членки на еврозоната во текот на декември 2011 година достигна рекордно ниво од 10,4 %, покажуваат прелиминарните податоци на европската агенција за статистика Евростат. Инфлацијата во еврозоната во последните осум месеци е на ниво од над десет проценти, при што декемвриската стапка беше за 0,1 индексен процент повисока од ноемвриската, која изнесуваше 10,3 %.

Според податоците на Евростат, во декември без работа биле 16,46 милиони работоспособни граѓани на земјите од еврозоната, што е за околу 20.000 повеќе во однос на ноември.Меѓу членките на еврозоната највисока стапка на невработеност во декември имала Шпанија од 22,9 %, пред Грција со 19,2 %.

Од друга страна, најниска стапка на невработеност од 4,1 % имала Австрија, а по неа следуваат Холанидија со 4,9 и Луксембург 5,2 %.Најголемата економија во Европа, Германија во декември имала стапка на невработеност од 5,5 %, додека второто по големина стопанство во еврозоната, Франција - 9,9 %.На ниво на цела ЕУ, стапката на невработеност во последниот месец од минатата година изнесувала 9,9 %, односно без работа биле 23,81 милиони граѓани на Унијата.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија