Објавено 31 јануари 2012, 14:04, во Европа
Share |
Print page

Италијанските пратеници си ги намалија платите за 1.300 евра

Пратениците од Долниот дом на италијанскиот Парламент си ги намалија платите за 1.300 евра, пишуваат денеска италијанските весници.Намалувањето беше објавено од заменик-претседател на претставничкиот дом Роко Бутилоне.

Одлуката за намалување на платите беше донесена по двочасовна седница и согласно повикот на италијанскиот премиер Марио Монти.Италијанските медиуми неодамна соопштија дека платите на италијанските пратеници се највисоки во ЕУ.

Пратениците од Долниот дом на Парламентот одлучија да ги намалат за десет проценти и примањата, кои ги добиваат највисоко рангираните членови на Претставничкиот дом, односно претседателот, замениците-претседатели и шефовите на парламентарните комисии.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија