Членките на ЕУ постигнаа договор за фискалниот пакт
Земјите-членки на ЕУ, со исклучок на Велика Британија и Чешка, доцна синоќа постигнаа прелиминарен договор за воспоставување фискален пакт, чиј иницијатор е Германија. Договорот, постигнат на синоќешниот вонреден Самит на ЕУ во Брисел, предвидува строги мерки на штедење за земјите кои претендираат на пристап до стабилизацискиот фонд вреден 500 милијарди евра, кој пак ќе им овозможи добивање на поволни кредити.
Потписничките на договорот за фискалниот пакт на еврозоната се обврзуваат на намалување на сопствените буџетски дефицити на ниво од под 3% од бруто домашниот производ, а за непочитување на оваа обврска покрај тоа што губат пристап до средстрава од стабилизацискиот фонд, можат да заработат и тужби пред Европскиот суд на правдата поради пробивање на плафонот на буџетскиот дефицит.
Потпишувањето на новиот договор за фискалниот пакт е најавено за следниот самит на Унијата кон крајот на март годинава, а тој ќе стапи во силта откако ќе го ртификуваат најмалку 12 земји-потписнички.