Објавено 30 јануари 2012, 16:03, во Европа
Share |
Print page

Паѓаат трошоците на задолжување на европските банки

Откако Европската централна банка (ЕЦБ) во финансискиот систем на еврозоната пласираше речиси 500 милијарди евра за да ја спречи неликвидноста, обврзниците на глобалните банки во текот на овој месец најмногу заздравија, споредено со последните три години, пренесува Фајненшал тајмс.

Според индексот на банката Барклис Капитал, вкупниот поврат на обврзници на европските финансиски институции овој месец изнесува 3,5%, додека за американскиот финансиски долг, повратот изнесува 3%. Повратот на обврзници на двата пазари го покажува најголемотот месечно опоравување од јули 2009 година.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија