Објавено 30 јануари 2012, 14:24, во Европа
Share |
Print page

Саркози најави серија економски мерки, меѓу кои и зголемување на ДДВ-то

Шефот на француската држава Никола Саркози, преку девет телевизсики канали им соопшти на Французите дека данокот на додадена вредност ќе се зголеми за 1,6 %, ќе се создаде банка за инвестиции во средните и малите претпријатија, како и дека ќе се воведе данок врз финансиските трансакции.

Зголемувањето ДДВ-то од од 19,6 % на 21,2 %, според Саркози има за цел да се финансира социјалната заштита. Имено тоа, според замислата, ќе треба да им овозможи на малите и средните претпријатија целосно или делумно ослободување од задолжителните социјални давачки за платите за најниските гарантирани примања.

Со оваа мерка претседателот се надева да изведе трансфер на околу 13 милијарди евра. Зголемувањето на ДДВ-то ќе почне да се спроведува од 1 октомври, период до кога треба да се прилагодат компјутерите и се разбира ако во меѓувреме оваа идеја не е отфрлена доколку на функцијата претседател на Франција биде избран друг кандидат.

Никола Саркози исто така најави крај на 35-часовната работна недела во претпријатијата, каде мнозинството од вработените ќе се согласат да склучат нов договор за должината на законската работна недела. Во текот на август Саркози сака да започне да се спроведува наплатата на данокот врз финансиските трансакции од 0,1 % за претпријатијата, кои се на француската берза, што би требало да пренесе во државната каса околу една милијарда евра.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија