Објавено 30 јануари 2012, 12:27, во Европа
Share |
Print page

Британски банкар се откажа од милион фунти

Извршниот директор на „Ројал банк оф Скотланд“ (РБС) Стивен Хестер се откажа од добивката која требаше да ја добие за својата работа во текот на 2011 година, по силниот јавен и политички притисок што врз него, врз банката и британската Влада беше извршен во изминатите десетина денови.

Врз основа на договорот што го има направено со банката, Хестер на крајот од секоја година треба да добие бонус, покрај годишната плата од 1,2 милиони фунти. РБС не соопшти колку вистински требало да прими бонус, но по преговорите кои Хестер ги водеше со управата на банката и Министерството за финансии, договорено е добивката да изнесува безмалку еден милион фунти.

Владата го бранеше таквото решение со објаснувањето дека станува збор за „помал износ“, како и дека доколку биде блокирана исплатата, при евентуална тужба, банкарот ќе добие „многу повеке“ од годинешниот бонус.

Опозициските лабуристи го обвинија премиерот Дејвид Камерон дека ја губи контрола врз управувањето со државата, затоа што подолго време зборува за регулирање на исплатите во банкарскиот сектор, па бараа да не се дозволи банкарот да добие како бонус дури 46 просечни плати на „обичните Британци“.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија