Самит на лидерите на ЕУ за формирање на новиот фонд за помош на презадолжените земји
Шефовите на држави и влади на ЕУ денеска во Брисел ќе се сретнат со цел да го финализираат договорот за фискална дисциплина и да утврдат мерки за поттикнување на економскиот раст и вработувањето.Се очекува лидерите на 27-те земји членки на ЕУ да постигнат конечна согласност околу формирањето на Европскиот механизам за стабилност вреден 500 милијарди евра, кој има за цел да ги олесни условите за кредитирање на презадолжените држави, како што се Италија и Шпанија.
Првичниот договор за формирање на новиот фонд е постигнат, со многу мака, на претходните самити, а се очекува да почне да функционира ова лето.Покрај тоа, лидерите ќе разговараат за начините да се поттикне економскиот раст и да се намали невработеноста, која во некои земји достигнала рекордно ниво.Во таа смисла, се очекува секоја земја членка на Унијата да подготви реформска програма, со цел на младите да им се овозможи полесно да најдат работа, а на работодавачите да им се даде поголема слобода да вработуваат и да отпуштаат работници.