Објавено 29 јануари 2012, 11:44, во Европа
Share |
Print page

ММФ: Белгија е во економска рецесија

Белгија е во економска рецесија се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), објави Ер-Те-Ел, неколку часа откако агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на земјата од „АА+“ на „АА“.

ММФ ги смета за недоволни предвидените за оваа година буџетски намалувања и го критикува автоматското индексирање на платите.

Професорот по финансии Бруно Колмант нагласува дека влегувањето во рецесија на прво место ќе влијае со намалување на работните места, како и со намалување на потрошувачката и производството. Тој истакнува дека досега воведените владини буџетски мерки дополнително ја влошуваат оваа прогноза.

Според ММФ, бруто домашниот производ на Белгија оваа година ќе остане во стагнација, пред очекуваното слабо зголемување идната година.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија