Понеделник во Брисел вонреден самит на ЕУ
Лидерите на земјите-членки на Европската унија иако не беше предвидено да се состанат до почетокот на март, поради загрижувачката состојбата со должничката криза во еврозоната, в понеделник ќе одржат вонреден самит со цел да се изнајде решение за состојбата.
Кон крајот на минатиот месец претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј најави дека на вонредниот самит ќе се разговара за економскиот раст и вработувањето, но според меѓувладината спогодба, која е веќе подготвена на лидерската средба ќе се разговара и за притисокот врз некои членки што поскоро да воведат фискална дисциплина.
Спроведувањето на економската стабилност на еврозоната останува на врвот на агендата и е од императивно значење за нашата иднина, изјави председателот на ЕУ.Во фокусот на дискусиите ќе бидат силните мерки за зголемување на стапката на вработување, бидејки како што изјави Ромпуј во повеќето европски економии, вработувањето е сведено на нула, а во некои дури е и во рецесија.
На самитот во понеделник ќе присуствуваат сите 27 шефови на држави и влади и покрај одбивањето на Велика Британија да се приклучи кон мегувладината спогодба.