Европа во борба за заштита на личните податоци на Интернет
Европската комисија претстави предлог-закон со кој се заоструваат правилата за заштита на личните податоци на граѓаните на ЕУ на Интернет, и на големите веб компании им ја наметнува обврската да бараат согласност за нивно користење, бидејќи во спротивност се предвидени казни.
Предлогот на еврокомесарката за правосудство Вивиен Рединг веќе предизвика контроверзи, а неговата главна одредба се состои во воведување „права на дигитален заборав“, кои ќе ги принудуваат социјалните мрежи да ги отстрануваат личните податоци и фотографии на корисниците кои тоа ќе го побараат.
Големите Интернет компании ќе мора да добијат јасна согласност на граѓаните чии податоци сакаат да ги користат, а новите норми содржат и опција „преносливост на податоци“