Мудис ја намали прогнозата на побарувачка на автомобили во Европа оваа година
Побарувачката на патнички автомобили во Западна Европа оваа година ќе опадне за 6,2 % во однос на 2011 како последица на слабеењето на главните економски показатели, додека во 2013 побарувачката во регионот ќе се опорави на три проценти, се истакнува во извештајот на меѓународната рејтинг агенција „Мудис“.
Очекуваме пад од 6,2 % на 13,4 милиони автомобили во 2012 година, додека во претходната септемвриска прогноза е очекуван нулта раст, изјави претставникот на агенцијата „Мудис“ Фолк Фреј.Тој додаде дека најсериозен пад се очекува во Франција од околу 10%, во Италија и во Велика Британија по седум проценти.
Автомобилските концерни на тие земји ќе ги погодат мерките на штедење на нивните влади, но и тешката економска ситуација и падот на потрошувачката на расходите.Наспроти намалувањето на прогнозите за европскиот пазар „Мудис“ задржа стабилни предвидувања кога е во прашање светската автоиндустрија. „Мудис“ ја зголеми проценката на раст на побарувачката на автомобили во Јапонија на 19,7 од 7,3 %, колку што прогнозираше во септември.