Нокиа со големи загуби во 2011 година
Финската компанија Нокја, која се бори да ја задржи позицијата на најголем светски производител на мобилни телефони соопшти дека во последниот квартaл од минатата година, како и целата 2011 година забележала големи загуби поради намалените приходи од продажбата.
Компанијата во 2011 година забележала нето загуба од 1,2 милијарди евра во однос на нето профитот од 1,8 милијарди од прретходната година.Во четвртиот квартл евидентирана е нето загуба од 1,07 милијарди евра, додека во истиот период во 2010 година остварен е профит од 745 милиони евра. Нето приходите во последните три месеци од минатата година намалени се за 21 % на годишно ниво на десет милијарди евра, додека приходите за цела година паднале за девет отсто на 38,66 милијарди евра.
Изврштниот директор на Нокиа, Стивен Елоп и покрај загубите истакна дека резултатите од четвртиот квартл претставуваат „значителен чекор во трансформацијата на компанијата“. Елоп во февруари минатата година најави згаснување на платформата „Симбијан“ и соопшти дека Нокја во иднина ќе соработува со Мајкрософт.
Тој наведе дека е задоволен од лансирањето на првите телефони на Нокја со Мајкрософт платформа, моделите Лумиа 800 и Лумиа 710 во четвртиот квартл.Нокиа соопшти дека продала „над еден милион“ нови телефони од моделот Лумиа од нивното лансирање во октомври.