Објавено 20 јануари 2012, 16:11, во Европа
Share |
Print page

Слабото евро ќе резултира со поскапо гориво

Слабеењето на еврото ќе резултира со поскапување на горивото на бензиските станици, предупреди извршниот директор на француската нафтена компанија „Тотал“ Кристоф де Маржери, иостовремено оправдувајќи го растечкиот профит на својата фирма.

Де Маржери истакна дека очекува цената на барел нафта, која се изразува во американската валута, да се движи меѓу 100 и 120 долари, и дека се „мали“ шансите таа оваа година да изнесува под 100 долари за барел.

Сите се радуваат поради слабеење на еврото, имајќи предвид дека тоа му користи на извозот, но забораваме дека тоа, исто така, ги зголемува трошоците за увоз на сурова нафта. Жал ми е за нашите клиенти, но така стојат работите, нагласи директорот на „Тотал“.

Ние сме увозници, па во време на криза и пад на вредноста на еврото можеме да забележиме значителна штета, додаде Де Маржери, истакнувајќи дека цената на горивата на бензиските ги вклучува и трошоците за преработка и транспорт на нафтата.

Компанијата „Тотал“ во третиот квартал од 2011 година оствари нето профит од 3,31 милијарда евра или 17 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2010 година.


Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија