Берлин ја исклучува можноста од крах на берзите во 2012. година
Крах на берзите во 2012. година нема да има, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој игра водечка улога во напорите за излез од кризата во еврозоната.
Во интервју за весникот „Билд ам зонтаг“ Шојбле изрази уверенсот дека ситуацијата во еврозоната може да биде надмината. Тој прогнозира дека во 2012 година може да има изненадувања и немири, но за крах не може да стане збор.
Германскиот министер повика за враќање на смиреноста во таа насока и изрази надеж дека инвеститорите ќе се вратат идната година во еврозоната. Шојбле нагласи дека Европа е една од најразвиените економии во светот и дека инвеститорите сакаат нивните вложени пари да носат профит.