Најниска вредност на еврото од почетокот на годината
Еврото ослабе на светските берзи на ниво од под 1,31 долари, што претставува најниска вредност на заедничката европска валута од 12 јануари оваа година.При денешните транскации на берзите едно евро во еден момент падна на 1,3057 долари, по што се стабилизира на 1,3075 долари.
Берзанските аналитичари оценуваат дека падот на вредноста на еврото се должи на отфрлањето на идејата за зголемување на обемот на Европскиот фонд за финасиска стабилност од страна на германскиот канцелар Ангела Меркел.