Објавено 30 ноември 2011, 14:17, во Европа
Share |
Print page

ЕЦБ:Приходите од обврзниците во еврозоната не ја отсликуваат реалната состојба

Приходите од продажбата на државните обврзници на земјите-членки на еврозоната не ја отсликуваат реалната состојба во блокот, оцени денеска членот на Управниот одбор на Евопската централна банка (ЕЦБ), Кристијан Ноер, само еден ден откако трошците на позајмиците на Италија достигнаа рекордно ниво од речиси 8%.

Состојбата во Европа и во светот значително се влоши во последниве неколку недели. Пазарните стресови се засилени и сега се соочуваме со вистинска финансиска криза, односно со нарушување на финансиските пазари од широки размери, изјави Ноер, кој е и гувернер на централната Банка на Франција.Ноер престојува во Сингапур каде учествува на меѓународна конференција посветена на состојбата во глобалната економија.

Трошоците на италијанските позајмици вчера пораснаа на досега највисоко ниво забележано во еврозоната, што го засили притисокот врз лидерите на европскиот монетарен блок за преземање мерки за справување со должничката криза, која се заканува да доведе до крах на глобалниот кредитен пазар и да го вовлече светот во нова рецесија.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија