Објавено 28 ноември 2011, 08:42, во Европа
Share |
Print page

Андрес Борг, поентер меѓу неуспешните

Во јавните финансии, како и во фудбалот, секоја европска земја има свој тим. Во годината што изминува особено се почувствува недостигот од единство, а с$ поголемата должничка криза дополнително ја влошуваа ривалствата и кавгите меѓу министерствата за финансии. Не е ни чудо што остатокот од светот прашува кој игра на чија страна.

При шестото рангирање на министрите за финансии од ЕУ, лондонскиот весник “Фајненшал тајмс“ се обиде да одбере играч на годината од 19-те главни економии во блокот.

Екипата на весникот разгледуваше по колку време секој министер ја имал топката во раце и дали бил тимски играч, броеше по колку голови постигнале, им одредуваше цели за економски перформанси и мереше во колкав степен одговориле на нив, сето тоа според критериумите на најстрогиот судија – пазарите на капитал.

Во случајов, шведскиот министер Андрес Борг доби највисоки поени за неговите вештини како економски поентер, иако е надвор од еврозоната. “Пробивајќи се низ аналитичката магла на многу меѓународни собири, ги истакна своите ѕвездени квалитети“, вели Ерик Нилсен, главен економист на Уникредит банка (UniCredit Bank).
Борг доби пофалби за тоа што рано ја забележа потребата од зајакнување на банките и трпеливо објаснуваше што може да научи Европа од економската криза во Шведска во 90-тите години.

Неговата економија имаше исклучително добри резултати во 2011 година, делумно благодарение и на претходните реформи и на фискалната претпазливост. Финансиските пазари го забележаа тоа.

Целиот текст прочитајте го во денешниот број на дневниот весник „Капитал“.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија