Европејците ги повлекуваат средствата од банките
Физичките и правните лица повлекоа милијарди евра од депозитите во банките во проблематичните земји на еврозоната, што може да го загрози банкарскиот сектор.Европските банки се соочија со одлив на средства, кои ги повлекуваат клиентите, што го зајакнува притисокот врз банкарскиот сектор во регионот и им се заканува на финансиските компании да останат без клучен извор на финансирање, пишува весникот „Волстрит Журнал“.
Голем број италијански и шпански банки неодамна објавија намалување на средствата на депозитите на корпорациите и на други институционални клиенти, со темпо кое се мери со двоцифрени проценти. Генералното темпо на повлекување на средствата од депозитите беше нешто помало, благодарение на послабото повлекување на средствата од депозитите на приватните лица.
Депозитната база на шпанските банки во третиот овогодишен квартал е намалена за 48 милијарди евра или за два отсто, се наведува во податоците на Шпанската централна банка.Повлекувањето на средствата на клиентите од депозитите се совпаѓа со повлекуквањето на заемите на банките од Европската централна банка (ЕЦБ) на рекордно ниво во почетокот од 2009 година. Финансиските институции во вторникот повлекоа 247 милијарди евра кредит од ЕЦБ во рок од една недела, што е повеќе од претходниот овогодишен максимум од 230,3 милијарди евра.