Драги: Итно да се зголеми обемот на Европскиот фонд за финансиска стабилност
Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги ги повика лидерите на Европската унија итно да ги спроведат одлуките кои ги донесоа пред неколку недели за зголемување на обемот и надлежноста на својот фонд за спасување на финансиски загрозените членки на еврозоната.
На минатомесечниот самит на лидерите на ЕУ беше договорен втор пакет за помош на Грција и мерки за зголемување на обемот и надлежноста на Европскиот фонд за финансиска стабилност, вреден 440 милијарди евра. Тие одлуки се уште не се реализирани и останува нејасно на кои начини ќе се зголеми ЕФСФ.