Објавено 08 ноември 2011, 14:12, во Европа
Share |
Print page

Банкарите од Сити сметаат дека се премногу платени за својата работа

Јазот што постои во британското општество меѓу богатите и сиромашните е премногу голем, сметаат вработаните во лондонскиот финансиски центар Сити. Истражувањето што го спроведе лондонскиот Институт „Сент Пол“, покажува дека речиси 75 % од вработените во Сити се согласуваат со ваквата оценка.

Големо мнозинство од вработените во Сити веруваат банкарите, берзанските брокери, раководителите на лондонската берза и трговците со обврзници се премногу платени за својата работа.Дури две третини од учеснците во оваа анкета признаваат дека високите плати и бонуси се најважниот мотив за вработување во финансискиот сектор.

Далеку зад ова, заостанува истакнувањето на „задоволството од работата“ како мотив за вработување во компаниите во Сити.Со истражувањето се опфатени и висината на платите и бонусите, одговорноста на финансиските компании и банките за социјалните прашања и моралноста на модерниот капитализам.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија