Објавено 01 ноември 2011, 12:01, во Европа
Share |
Print page

Брокерска куќа „МФ Глобал“ банкротира заради кризата во Европа

Потклекнатата американска брокерска куќа „ МФ Глобал“ вчера прогласи банкрот, откако ја загуби довербата заради големите загуби на европските обврзници. Компанијата поднесе барање за заштита од банкрот во Стечајниот суд на Менхетен, во Њујорк, според Членот 11, но, сепак, стана првата голема американска жртва на европската должничка криза, пренесуваат агенциите.

Иако „МФ Глобал“ е позната компанија на Волстрит, се смета дека со останатите компании не е толку многу поврзана за да нејзниот колапс може да покрене катастрофа каква што се случи по банкротот на инвестициската банка „Лиман брадерс“ во 2008 година.

Вниманието, сепак, веднаш се насочи кон компнијата „ЏП Морган Чејс“ и филијалата на „Дојче банк“, бидејќи банкротот на „МФ Глобал“ покажа дека овие две фирми се нејзини најголеми кредитори. Се пресметува дека „ЏП МОрган“ е во загуба од над 1,2 милијарди долари заради европските обврзници, додека загубата на „Дојче банк“ се проценува на повеќе од милијарда долари.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија