Објавено 17 август 2011, 09:05, во Европа
Share |
Print page

Франција и Германија предлагаат создавање на европска економска влада

Франција и Германија предлагаат создавање на европска економска владаФранцуско-германскиот минисамит кој се одржа вчера во Елисејската палата меѓу претседателот Никола Саркози и канцеларката Ангела Меркеле заврши со серија предлози за зголемување на координацијата на економските и финансиските политики во евро зоната.

На прес-конференцијата во Елисејската палата, претседателот Никола Саркози најави дека Париз и Берлин предлагаат создавање на економска влада на еврозоната, која би се состанувала најмалку два пати годишно, со стабилен претседател со две и пол годишен мандат. За нејзин претседател, Саркози и Меркел го предлагаат Херман Ван Ромпуј.

Француско-германската двојка предлага и усвојување на така нареченото „златно правило“ од сите 17 земји-членки на еврозоната пред летото 2012 година за враќање на буџетската рамнотежа и намалување на буџесткиот дефицит. „Златното правило“, што во Германија веќе беше усвоено се нарекува и правило против задолжувањето. Саркози се надева да го наметни и во Франција, но барем засега опозцијата е против ова правило.

Франција и Германија во септември планираат на европско ниво да предложат воведување на такси за финасиските трансакции во ЕУ. Париз и Берлин планираат и усогласување на нивните даночни политики, така меѓу другото тие имаат амбициозни планови за воведување заеднички данок врз претпријатијата, како и координирање меѓу двете влади при донесувањето на годишните буџети.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија