Објавено 28 јули 2011, 12:11, во Европа
Share |
Print page

Инвестициската конференција за Грција во Берлин без конкретни резултати

Инвестициската конференција за Грција во Берлин без конкретни резултатиИнвестициската конференција во Грција, чиј домаќин беше германското Министерство за економија, заврши без конкретни ветувања. Владата и бизнис заедницата во Германија сакаат да помогнат во модернизирањето на Грција, но не и да доделат дополнителни милијарди, истакнуваа германските медиуми.
“Условите за инвестиции во земјите од еврозоната, што се во криза, треба брзо да се подобрат, но не и да се преземат нови ризици за германскиот даночен обврзник“, изјави вчера германскиот министер за економија Филип Рослер, по средбата со водечките корпорации за германскиот бизнис. На инвеститорската конференција учествуваа над 20 економски корпорации, но не беа дадени конкретни ветувања.

Претставници на германскиот бизнис изразија желба да помогнат во модернизирањето на грчките економски структури, најмногу со експертски совети, забележуваат германските медиуми. Меѓу објектите кои се од долгорочен интерес за германските компании, се парковите за енергија на ветрот и сончева енергија, проекти од областа на телекомуникациите и изградба на патишта, посочи министерот.

“Засега, странските инвеститори често се судираат со нетранспарентна бирократија, монополски структури во редица бранши и проблеми со финансирањето“, дополни Рослер. Министерот ситуацијата во Грција ја спореди со состојбата во земјите од Источниот блок пред околу 20 години и не се осмели да даде прогноза за времето што на Атина ќе и биде потребно за да ја обнови својата конкурентост на меѓународен план.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија