Објавено 21 јули 2011, 09:00, во Европа
Share |
Print page

Зелик: Растот на земјите во развој може да и помогне на еврозоната

Зелик: Растот на земјите во развој може да и помогне на еврозонатаСилниот економски раст на земјите во развој, како што е Турција, би можел позитивно да влијае на напорите на државите од еврозоната за справување со должничката криза, изјави во Анкара претседателот на Светската банка, Роберт Зелик, кој престојува во четиридневна посета на Турција.

“Побрзиот глобален раст може да им помогне на државите во прилагодивањето, но Европа сама мора да се позанимава со своите должнички проблеми“, рече Зелик, Тој потсети дека денес речиси половина од светскиот економски раст го остваруваат земјите во развој, за разлика од периодот во текот на 90-те години на минатиот век, кога на нив отпаѓаа само 20% од растот на глобалната економија.

Зелик искажа пофалини зборови за брзиот економски раст на Турција, но предупреди дека земјата мора да внимава бидејќи пред динамичните економии секогаш стои опасноста од висока инфлација.Турција лани имаше стапка од економски раст од 8,9%, со што беше економија со најбрз раст меѓу членките на Групата 20 развиени земји и држави со забрзан економски развој.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија