Објавено 12 јули 2011, 08:49, во Европа
Share |
Print page

Еврозоната ќе го зголемува фондот за финансиска стабилност

Еврозоната ќе го зголемува фондот за финансиска стабилностЗемјите од еврозоната се подготвени да го зајакнат фондот за спасување на економиите на своите членки, кој моментално располага со 440 милијарди евра, стравувајќи од опасноста грчката криза да се прошири во Италија или Шпанија, изјави синоќа шефот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер.

Во изјавата дадена по состанокот со министрите за финансии од 17-те земји членки на еврозоната, Јункер истакна дека е постигната согласност за мерките кои вклучуваат “јакнење на флексибилноста и обемот на Европскиот фонд за финансиска стабилност“.

Тој додаде дека конкретни предлози со примена на мерки ќе бидат наскоро претставени.Во соопштението објавено по осумчасовниот состанок е поздравена одлуката на ММФ за неодамнешната исплата на новата транша финансиска помош за Грција, како и предлозите од приватниот сектор за придонес во финансирањето на втората програма помош, на што веќе се работи.

Министрите заклучија дека одговорноста за решавање на кризата е на Грција, но ја признаа потребата за поширок пристап и економска политика свртена кон иднината, со цел да им се помогне на владите во нивните напори да се изборат со должничката криза и да ја зачуваат финансиската стабилност во еврозоната, се наведува во соопштението на Еврогрупата.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија