Објавено 26 јуни 2011, 10:56, во Европа
Share |
Print page

Меркел се противи на целосно преструктурирање на грчкиот долг

Меркел се противи на целосно преструктурирање на грчкиот долгГерманската канцеларка Ангела Меркел во интервју за германската телевизија А Ер Де, соопшти дека е против целосно преструктурирање на грчкиот долг, додека европските лидери се обидуваат при определени услови да го подготват вториот план за финансиска помош на Атина.

"Во интерес на сите во Европа е да и дадеме време на Грција, но се разбира сето тоа ќе биде приддружено со услови", истакна Меркел.

Новиот спасувачки пакет, ветен за Грција под услов да ја прифати програмата за рестриктивни економски мерки, ќе биде сличен на одобрениот пред една година кој изнесуваше 110 милијарди евра во вид на кредити, изјави вчера грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

На средбата на врвот во Брисел, Грција доби ветување дека вториот план ќе биде подготвен при определени услови до почетокот на јули. Германија е приврзаник на таканареченото "меко" преструктурирање на долгот и настојува во расходите за новиот план да учествуваат кредитори, банки и фондови.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија