Објавено 09 мај 2011, 08:15, во Европа
Share |
Print page

Шпигел: Грција сака да ја напушти еврозоната?!

Шпигел: Грција сака да ја напушти еврозоната?!

На таен состанок во Луксембург, грчката влада побарала од Германија извештај и проценка на последиците доколку ја напушти еврозоната и како национална валута повторно почне да ја применува “старата“ драхма, пишува германскиот весник Шпигел. Иако Грција веднаш го демантирала текстот, новинарот на Шпигел си останува на ставот.

Според германскиот весник, тајниот состанок во Луксембург бил свикан за да се спречи Грција да ја напушти еврозоната, а не било обична средба на земјите од Г20 како што изјавил премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер.

“Постои документ од Министерството за финансии, кое се однесува на евентуалното напуштање на еврото од Грција. Овој извештај го побара грчката влада, беше составен за германскиот министер за финансии и знам дека господинот Шојбле го има во неговите раце“, објаснува германскиот новинар во изданието на Шпигел.

Грчкиот премиер Папандреу натписот во Шпигел го оцени како провокација, министерот за финасии Папаконстантину го искоментира како смешна и опасна приказна.

 


Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија