Објавено 26 април 2011, 08:18, во Европа
Share |
Print page

Можни нови мерки од ЕУ за Грција

Можни нови мерки од ЕУ за ГрцијаЕвропската унија (ЕУ) не ја исклучува можноста од наметнување нови мерки за Грција во мај, по разгледувањето на одржливоста на јавниот долг на оваа земја.

Шефот на претставништвото на Европската комисија во Грција, Панос Карвунис вели дека проценката на долгот на Грција е анализа што ЕУ, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка (ЕЦБ) во мај ќе ја објават во рамките на претстојното разгледување на планот за реорганизација на грчката економија.

“Во согласност со она што ќе биде утврдено со ревизијата, таа анализа може да доведе до прилагодување на мерките предвидени со планот за опоравување на финансиите“, вели Карвунис.
Делегација на тројската ЕУ, ММФ и ЕЦБ ќе дојде во Атина на почетокот на следниот месец да го процени планот за опоравување на грчките финансии, пред исплатата на петата транша на кредитот наменет за Грција, договорен во 2010 година, во вкупен износ од 110 милијарди евра.

“Тројката“ треба да го анализира среднорочниот план за 2012-2015 година што го подготви грчката влада, кој особено е насочен на приватизација на јавниот сектор и државниот имот.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија