Грчките банки ќе повлекуваат помош од ЕЦБ

Според одобрението на Европската комисија во врска со проширувањето на државните гаранции за грчките банки за 30 милијарди долари, домашниот банкарски сектор влегува во финалната фаза од подготовките на предлогот кој треба да биде доставен до Европската Централна Банка (ЕЦБ) со цел да се добијат дополнителни гаранции.Предлогот се однесува само на повлечената помош за периодот од 2011 и 2012 година и се очекува да биде доставен на 15 април.Според банкарски извори, предлозите можеби нема да бидат проследени со барања за дополнителни гаранции, бидеќи ЕЦБ може да не ги одобри предлозите како одржливи, а можеби ни самите банки нема да ги искористат дополнителните гаранции. Пакетите на дополнителни гаранции ќе се употребат ако:а) ликвидноста на грчките банки и понатаму се влошува и се јави нов голем пад во депозититеб) ако државниот долг добие уште полоши оцениДосега, државните гаранции кои ги добија банките изнесуваат 63 милијарди долари. Истовремено, се очекува банките на 15 април да му испратат доказ на министерот за финансии за правилното користење на претходно добиените гаранции. Релевантните документи ќе се однесуваат на количеството на заем кој бил обезбеден за реалната економија во 2010 година со помош на државните гаранции, како и на буџетот околу заемите предвидени за 2011 година.