Секој 26 жител во Босна и Херцеговина има своја фирма

Во ексклузивната анализа спроведена од консултантската компанија New Market Consulting од Сараево, за порталот CAPITAL.ba, стои дека секој 26 жител во Босна и Херцеговина има своја фирма.
Анализата покажува и дека во Босна моментално има вкупно 145.249 регистрирани правни субјекти, а ова е првата анализа од ваков тип која истовремено ги споредува на едно место податоците за бројот на правни субјекти, капитал, промет и добивката на фирмите во Србија и Босна и Херцеговина. Но, ако за квалификација се земат само правните субјекти кои уредно добиле свој регистрациски и идентификациски број, тогаш во Босна има вкупно 84.633 фирми, а во Србија таа бројка изнесува 56.089.
За последните три години бројот на ново основаните фирми е преполовен во Босна, а за најпрофитабилни се сметаат фирмите од градежништвото во Србија и оние од прехрамбената индустрија во Босна и Херцеговина.