Јагуар ќе произведува „зелени автомобили“

Британскиот производител на луксузни автомобили „Јагуар Ланд Ровер“ кој се наоѓа во сопственост на индиската компанија „Тата“ ќе инвестира над 350 милиони фунти во нова фабрика за производство на еколошки прилагодени мотори со ниска емисија на штетни гасови.
Компанијата соопшти дека новата фабрика во близина на Војверчамптон, во централна Англија, ќе чини 355 милиони фунти (560 милиони долари) и дека ќе вработи 750 работници.