Џенерал моторс и LG заедно ќе произведуваат електромобили

Коресјкиот технолошки џин LG и најпознатата американска автомобилска компанија Џенерал Моторс потпишаа договор според кој се планира во иднина заеднички да работат на развивањето на технологијата на електромобили(возила на екетричен погон).
Соработката меѓу овие две компании само оди еден чекор понапред бидејќи и досега LG го снабдуваше ГМ со акумулатори за хибридните модели на од нивната гама како Шевролет Волт и Опел Ампера. Со новиот договор се планира моделите произведени како производ на оваа соработка да се пласираат глобално ,а да не бидат ограничени само на американскиот пазар како што досега беше случај со Шевролет Волт.
Продажбата на електромобилите зема се поголем колач од светскиот пазар поради се поголемата цена на клучните енергенси. Сите 4488 произведени возила Волт се он лајн распродадени, а сличен е случајот и со неговиот европски сродник Опел Ампера кој се продава доста поскапо но резултатот е ист компанијата веќе добила нарачка за 5000 автомобили за следната 2012 година.