Објавено 25 јули 2011, 15:54, во Автошоу
Share |
Print page

Шкода ја зголеми цената на автомобилите за 1%

Шкода ја зголеми цената на автомобилите за 1%Најголемата чешка автомобилска индустрија Шкода Ауто, за 1% ќе ги поскапи моделите “Фабија“, “Октавија“, “Суперб“ и “Јети". Цените на моделите “Румстер“ и “Октавија тур“ ќе останат исти, соопштуваат од фабриката.

Според нив поскапувањата засега се однесуваат само на чешкиот пазар, но се очекува да се прошират и во останатите земји. Како причина за поскапувањето се наведува зголемувањето на цената на суровинските трошоци.

Чешкиот оддел на “Хјундаи“ соопшти дека иако зголемувањето на цените на моделите на шкода ,за нив е интересна вест засега тие немаат таква намера. Аналитичарите сметаат дека конкурентските производители на автомобили можат да се потрудат да ја искористат оваа состојба за да остварат сопствени поголеми продажни резултати.

Шкода Ауто минатата година оствари чиста добивка од 349 милиони евра, односно оствари тројно зголемување споредено со 2009 година.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ