Објавено 12 јули 2011, 09:00, во Автошоу
Share |
Print page

Рено со рекордна продажба на автомобили во 2011?!

Рено со рекордна продажба на автомобили во 2011?!Француската автомобилска индустрија Рено планира да воспостави нов рекорд со продажба на над 2,6 милиони нови автомобили во текот на 2011 година, од кои најмногу на странскиот пазар надвор од Европа, каде во првото шестмесечие беа забележани слаби резултати. Во првата половина на годинава Рено продаде 1,37 милиони атомобили во светот, што претставува за 1,9% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Зголемување на продажбата е забележана пред се на меѓународниот пазар за 20%, односно со 542.400 продадени автомобили, благодарение на Бразил и Русија, кои претставуваат 40% од пазарот на Рено. Продажбите се намалиле само во Јужна Кореја за марката “рено самсунг моторс“ поради тешкотиите со снабдување со делови од Јапонија поради катастрофата која ја погоди оваа земја.

Додека светскиот пазар паѓа под шармот на францускиот конструктор, на европскиот пазар продажбата се намали за 7,4%, а во Франција, Рено забележа намалување на продажбата за 9,9%. Ова намалување на продажбата се одрази и со спектакуларни намалувања на некои модели на Рено, како “клио“ и “твинго“, кои можеа да се нарачаат за иста или дури пониска цена од моделите на “дачиа“.

Вториот семестар од 2011 година „Рено“ ќе го одбележи со пуштање во продажба на првите електрични модели, кои се една од стратегиските определби на групата иако развојот на акумулаторите за овие автомобили доцни.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ