Фолксваген се откажува од МАН?!

Европската комисија, извршното тело на ЕУ, изврши притисок врз германскиот Фолксваген да се откаже од планот за преземање контрола во надзорниот одбор на МАН, што би можело да биде главна препрека на патот на Фолксваген да формира најголема компанија за производство на камиони во Европа.
Понудата на Фолксваген за преземање на МАН истекува во среда.
Управата на Фолксваген сака да заземе неколку места во одборот на директори на МАН, на редовната годишна седница на акционери на големиот производител на камиони во Минхен.
Според планот на претседателот на Фолксваген, Фердинанд Пих, со здружувањето на нивната филијала за производство на камиони со компаниите МАН и Сканија би се формирала најголема европска корпорација за изработка на тешки камиони.ЕК смета дека планот на Фолксваген за брзо преземање нас контролата во МАН ќе ги загрози европските правила за здружување.
На управата на Фолксваген од Брисел и е ставено до знаење дека мора да чека одобрување од надлежнитерегулаторни органи на ЕУ за поврзување на Фолксваген, МАН и Сканија и за цврстата соработка на трите компании.
Портпаролот на еврокомесарот за конкурентност Хоакин Алуминие изјави минатата недела дека никој не може да преземе контрола пред одлуката на ЕК.Фолксваген, најголемиот европски производител на автомобили, објави дека се во тек преговори со ЕК за формална апликација за здружување, со која ќе бидат отфрлени сите сомневања во овој потфат во следните неколку недели.